Консеисао по победата над Рома: Се поблиску сме до фудбалот што ми се допаѓа

од Vladimir Zorba
18 прегледи

Тренерот на Милан, Серхио Консеисао беше задоволен од победата над Рома со 3-1 во четвртфиналето од Купот на Италија. Му се допадна настапот на неговиот тим на овој натпревар и рече дека е се поблиску до фудбалот што сака да го гледа.

„Во фудбалот и во животот постои правило дека секој ден треба да се трудиш да бидеш подобар од претходниот. Се обидувам да ги пренесам моите идеи на тимот, но имавме само еден тренинг пред овој натпревар и немавме луксуз да работиме на некои детали бидејќи играме на секои три дена. И покрај се, играчите почнуваат да разбираат што сакам од нив, тие се многу интелигентни. Среќен сум со нив, а особено со вториот гол, кој дојде по освоена топка на средината на теренот. Ова е нешто на што работиме. Жоао и Сантијаго имаа само еден тренинг, но веднаш сфатија што треба да направат бидејќи се интелигентни играчи“, изјави Консеиао.

„Билансот е апсолутно фундаментален во фудбалот. Ова важи и за играта со и без топка. Во текот на натпреварот видов некои работи што не ми се допаднаа, но во исто време сфаќам дека играчите се обидуваат да се подобрат. Сè уште не гледам сличности со Порто, но работиме да бидеме покомпактни, поагресивни и да не му дозволиме на противникот да влезе во нашата третина толку често. Се приближуваме до фудбалот што ми се допаѓа, но сè уште не сме таму. Играчите кои влегоа во преодниот рок имаат карактеристики да почнат да играат како што јас сакам, вклучително и со двајца напаѓачи, со правилен биланс, не само да постигнуваат голови, туку и да не примаат“, додаде Португалецот.

Слични содржини