Константиновски: Не само боја јас би ги уривал спомениците кои се атак врз современата архитектура

од Vladimir Zorba
125 прегледи

 

 

Би го рушел тоа што е направено, што ја деградира современата архитектура во Скопје, истакна архитектот Георги Константиновски, во врска во реакциите дека фрлањето боја врз објектите од проектот „ Скопје 2014“ од учесниците во Шарената револуција, е скрнавење на културното наследство, информира Телма.gorgi_kostadinovski

Според него тој проект претставува срам за архитектите и бришење на многу значаен историски период за нашата земја.

Целата светска стручна јавност ни  се смее за градбите од проектот „ Скопје 2014“. Тој е срам за државата. Треба да се засрамат архитектите што се продадоа за пари, а произлегле од нашиот Архитектонски факултет, вели новиот почесен член на МАНУ, архитект Георги Константиновски. Според него не е скрнавење што демонстрантите од Шарената револуција врз тие градби фрлаат боја.

Јас мислам дека воопшто не е скрнавење. Дури јас би бил и поостар, дури би го рушел тоа што е направено , што ја деградира современата архитектура во Скопје. Тоа е бришење на еден многу значаен историски период за нашата земја и ова што се прави сега е тотално недозволиво. Цел свет се смее, цел стручен свет, вели академик Георги Константиновски.

Целиот текст можете да го прочитате тука