Констатирана оставката на пратеникот Богдановски

од Берта Китинска
313 прегледи

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на денешната  собраниска седница ја констатираше оставката на пратеникот од ДОМ, Мирослав Богдановски.

Пратеникот од ДОМ  поднесе оставка од функцијата, којашто е констатирана и потврдена и од страна на ДИК.

Следна пратеничка на листата која станува пратеник од СДСМ, Даниела Николова, со што партијата ќе има еден пратеник повеќе во парламентот.

Претседателката на партијата, Маја Морачанин денеска била известена дека пратеникот Богдановски си поднел оставка од Парламентот, но нагласи дека од него немала директна информација за оставката, туку за тоа била известена од собраниските служби.

Богдановски минатиот месец беше разрешен од потпретседателската функцијата на ДОМ по што продолжи да делува во рамки на коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ.