Консултациите продолжуваат: Ковачевски на средба со Села

од Берта Китинска
272 прегледи

Консултациите за францускиот предлог продолжуваат и денес.

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека коалициските партнери од Владата веќе се изјасниле позитивно, а другите во текот на оваа недела ќе се изјаснат.

Останува консултација со дел од опозициските партии.

Денеска ќе има средба со Зијадин Села, а како што вели откако Владата ќе ги испрати предлогот до Собранието, целата расправа ќе се одвива според деловникот односно процедурите кои ги предвидува законодавниот дом.

Средбата ќе се одржи во Клубот на пратениците од 11 часот.

Дел од коалиционите партнери имаат позитивно мислење, а дел размислуваат, кажа Ковачевски за францускиот предлог.

-Јас сметам дека сите политички партии сериозно пристапуваат кон ова прашање и дека ќе донесат вистинска одлука. Тоа е одговорност, кажа Ковачевски на прашања од новинарите.

Според него, Владата се држи до државните интереси, се штител идентитетот и не е направено ништо без да се почитуваат црвените линии.

-Сите сме свесни за чувствителноста за ова прашање. Лесно е да отфрлиме. Но потребно е рационално размислување со ладна глава. Од ова прашање не смееме да правиме дневна политика. Ова е стратешко прашање– посочи Ковачевски.

Слични содржини