Менаџерот на Челзи, Антонио Конте призна дека нема никаква идеја како ќе влијае тоа дали тимот ќе биде во топ 4 на крајот на сезоната или не, на неговата иднина.
Познато е дека „сините“ се на прагот не само да ја предадат титулата, но и да завршат надвор од топ 4, бидејќи тимот е на 5 поени од последното место кое дава право на учество во Лигата на Шампионите, кое е окупирано од Тотенхем.
Сепак, односите на Италијанците со шефовите на клубовите не се особено добри и се вели дека тој е последна сезона на „Стемфорд Бриџ“.
„Ако треба да бидам искрен, не знам. Тоа не е мој проблем, туку проблем на раководството“, најави тој, откако беше запрашан дали според него неговата иднина зависи од евентуален пласман во четворката.
„За нас менаџерите секогаш има несигурност. Да, можеш да имаш долгорочен договор, но не знаеш што ќе се случи по еден, два или три натпревари. Се зависи од резултатите“.
„Едно е сигурно – ако ја немаш потребната страст, многу е тешко да постигнеш било што – и како фудбалер и како тренер“, сподели Конте.