2,4K
Антонио Конте ги прецизирал сите детали од договорот со италијанскиот фудбалски клуб Наполи, објавија медиумите од Апенините.
54-годишниот стручњак веќе неколку месеци е на нишанот на претседателот Аурелио Де Лаурентис, а преговорите се водеа во последните денови по одлуката на Џан Пјеро Гасперини да остане во Аталанта.
Конте договорил тригодишен договор со Наполи со плата од околу 7 милиони евра по сезона плус 1 милион евра бонуси.
„Ил Матино“ објави дека договорот е испратен до Конте и дека тој го потпишал документот.
Се очекува Наполи во среда или четврток оваа недела да организира презентација на новиот тренер најверојатно во Кралската палата во Неапол.