Според сите индикации, Антонио Конте ќе го напушти Наполи ова лето, пренесуваат италијанските медиуми.
Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, не му создавал никакви проблеми и одлучи дека е полесно да го пушти.
Медиумите од Апенините тврдат дека сè укажува на тоа дека Конте постигнал некаков вербален договор за преземање на Јувентус, а дека и Наполи го знае ова, па затоа веќе работи напорно на доведување на нов тренер.
Јувентус моментално го има Игор Тудор на тренерската клупа, но тој беше доведен како привремено решение, само до крајот на сезоната, па од јуни клубот ќе може без проблеми да потпише договор со нов тренер.
Од друга страна, Наполи преговара со поранешниот тренер на Јувентус, Масимо Алегри, и како што стојат работите, постои голема веројатност тој да го наследи Конте.
Едно коло пред крајот на сезоната, Наполи е прв на табелата во Серија А со 79 бода, а по него е Интер со бод помалку.