Антонио Конте прво го предупреди Тотенхем дека борбата за топ 4 е нереална, доколку не донесе засилувања. Успеа да го опорави тимот и да го врати во битката за Лигата на шампионите, ќе се обиде да се пласира во финалето на Лига купот, но брка 0:2 против Челси.
Она што Италијанецот го бара во моментов се десен бек во формација 3-5-2, како и двајца напаѓачи.
Веќе е познато дека на мета е Адама Траоре од „Волците“ – Шпанецот кој потона минатата сезона, по фантастичните игри, а во ростерот би можел да го заземе местото на Мет Доерти кој ќе биде продаден од „Петлите“. Покрај него на списокот за заминување се и Деле Али и Ндомбеле. Ова последното е најскапото засилување во историјата на Тотенхем, но и разочарување, а доаѓањето на Конте не смени ништо. Французинот му беше понуден на Јувентус во замена за Кулушевски, па дури и за Мекени, но Италијанците одбија.
Тие ја разгледуваат и понудата на Ајакс за продажба на Бергвајн, со што би се отворил простор за двајца напаѓачи, едниот би бил алтернатива за Кин, другиот кој би играл покрај Англичанецот.
Што се однесува до напаѓачите, тие сепак не се откажаа од Влаховиќ, иако Паратичи се распрашувал за нешто поевтиниот Скамаку од Сасуоло. Јунајтед тешко ќе им го продаде Лингард, а само ако соберат пари од продажбата би можеле да се фокусираат на Бруно Гимареш од Лион.
Се на се, Конте има ветување дека нешто ќе се направи, купи доверба при пристигнувањето, го запре падот, има шанси за ЛШ, но како што рековме, тоа е и можност менаџерот да го притисне Леви да ја „отвори торбата“.