Новиот менаџер на Тотенхем, Антонио Конте има намера да изгради целосно нов среден ред во клубот. Тој има намера да се раздели со повеќето играчи кои клубот ги има на оваа област од теренот и да привлече нови на нивно место, а тоа ќе се случи во следните два преодни рока, пишува „Кориере дело спорт“.
Првите две големи цели на Конте се веќе јасни и тоа се двајцата главни играчи од средниот ред на Милан и Интер – Франк Кеси и Николо Барела. Од сегашниот тим, тренерот има најголеми симпатии за Танги Ндомбеле и Деле Али, кои ќе добијат шанса да се докажат под негово водство и да го задржат местото во тимот.
Меѓутоа, во исто време, Хари Винкс, Пјер-Емил Хојберг и Оливер Скип не се во плановите на Италијанецот и тој му порача на раководството да бара купувачи.
Се верува дека покрај засилување во средниот ред, Конте сака да ја зголеми конкуренцијата во нападот. За таа цел ќе се обиде да го привлече во клубот напаѓачот на Фиорентина, Душан Влаховиќ.