Конте ќе го преземе Милан на лето?

од Vladimir Zorba
31 прегледи

Антонио Конте по крајот на сезоната го напушта Наполи и заминува во Милан.

Ова е главната вест која ја пренесува „Газета дело Спорт“ која посочува дека минатото лето познатиот стручњак бил првиот кандидат за преземање на „росонерите“.

Весникот пишува дека односот меѓу Конте и претседателот Аурелио Де Лаурентис не е најдобар и затоа е неизбежна разделба, иако Наполи е претендент за титулата.

Доаѓањето на Конте во Милан би било земјотрес, бидејќи Антонио веќе ги водеше и градските ривали Интер и Јувентус, каде што го помина најголемиот дел од својата играчка кариера.

Веќе се шпекулира дека оваа вест можеби е „турната“ од Бепе Марота, претседателот на Интер, за да го дестабилизира Наполи во продолжението од трката за титулата.

Слични содржини