Конте: Лукаку е разочаран

од Vladimir Zorba
215 прегледи

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте ги сподели своите размислувања за перспективите на напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку во Премиер лигата. Белгиецот уживаше во екстремно силни две години во Интер, но потоа не успеа да постигне доволно високо ниво по враќањето во Челси минатата година и летово се врати кај „нероазурите“ на позајмица.

„Ромелу беше крал две години во Милано. Фановите му дадоа многу страст и мислам дека тој е момче на кое тоа му треба. Поради таа причина, верувам дека сакаше да се врати во Интер, но секако оваа зделка беше добра за Челси. Зборуваме за играч кој замина во Челси и сега е на позајмица од Интер за сезоната, но има потенцијал да игра во Премиер лигата“, изјави Конте за „Sky Sports“.

Италијанецот смета дека Лукаку е разочаран што не успеал да ја покаже својата класа во Англија.

„Сигурно знам дека е разочаран бидејќи сакаше повторно да се докаже во Англија. Но, тој има време. Сега треба да игра за голем тим во Италија, да се обиде да си ја врати самодовербата, но зборуваме за навистина важен и добар напаѓач“, додаде Конте.

Лукаку дојде во Челси од Интер во август 2021 година, Белгиецот постигна 15 гола и даде 2 асистенции во 43 натпревари за лондончани минатата сезона.

На почетокот на јули годинава, 29-годишниот Белгиец го напушти англискиот тим и замина на позајмица во Интер.

Слични содржини