Менаџерот на Челзи, Антонио Конте повторно требаше да одговара на шпекулациите за неговата иднина, велејќи дека има намера да го исполни договорот со клубот, со кој е поврзан уште 18 месеци. Во последните денови повторно се појавија гласини за конфликт меѓу Италијанецот и сопственикот на тимот од Лондон, а освен тоа Конте е еден од главните кандидати за селектор на „азурите“.
“Од почетокот на сезоната имаше многу шпекулации и гласини околу мене. Можам да ви кажам само дека се уште има 18 месеци до крајот на мојот договор со Челзи. Мојата намера и мојата волја е да го исполнам договорот. Потпишав за три години. Мислам дека заедничката желба е да ја продолжиме нашата работа“, рече Конте.
Италијанецот откри дека Алваро Мората се уште е повреден и нема да игра во мечот против Ватфорд во понеделник. Конте освен тоа изрази сомневање дека штотуку привлечениот Оливие Жиру ќе може да започне како стартер во овој натпревар, иако Французинот не е во оптимална физичка форма по повредата во мускулот.