Конте не доби отказ…засега

од Vladimir Zorba
123 прегледи

Италијанскиот менаџер на Челзи, Антонио Конте ја задржа функцијата, иако англискиот шампион се претставува фрустрирачки во последно време и дури се појавија информации за итна промена на тренерот.

Според британските медиуми, сопственикот на „сините“, Роман Абрамович е против да се назначува привремен тренер за важните натпревари со Манчестер Јунајтед во Премиер лигата и против Барселона во 1/8-финалето на Лигата на шампионите.

Конте е под сериозен притисок по двата категорични порази на тимот во последната недела од Борнемут (0:3) на „Стемфорд Бриџ“ и во Ватфорд (1:4). По нив Челзи е четврти во генералниот пласман со 50 поени, заостанувајќи на 19 поени од лидерот Манчестер Сити.

Слични содржини