„Оние кои ја негираат опасноста од Ковид-19, на прво место лидерот на партијата „Лига“ Матео Салвини, дејствуваат против националните интереси и пошироката недоверба на Италијанците во Европската унија“, рече италијанскиот премиер Џузепе Конте во интервју за „Дире“ и сподели дека е опасно да се изгради клима на недоверба, која нема основа во реалноста.
На прашањето како Италија ќе потроши 209 милијарди што ги доби за да и помогне на земјата да се опорави од пандемијата на коронавирус, премиерот Конте рече дека владата ќе продолжи да работи на модернизација на земјата, што значи префрлување на „зелена енергија“, дигитализација и модернизација на инфраструктурата.
„Имаме обврска да оставиме подобра земја за идните генерации“, истакна Конте.
Тој потврди дека учениците и студентите ќе се вратат на училиште во септември.
„Училиштето е голем предизвик за земјата, станува збор за најмалку десет милиони луѓе, студенти, ученици и професори, тие мораат да се вратат на часови. Ние правиме се за да се вратиме на училиште со максимални безбедносни мерки и така што учесниците во наставниот процес не би го ризикувале нивното здравје на кој било начин“, рече премиерот Џузепе Конте.