Конте објасни како за малку ќе завршел во Манчестер Јунајтед

од Vladimir Zorba
346 прегледи

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте, кој со недели беше поврзуван со тренерската позиција на Манчестер Јунајтед пред да ги преземе „петлите“, даде интересен поглед на можноста да се најде на „Олд Трафорд“ пред години, уште кога бил играч на Јувентус.

„Во минатото сакав да играм во Премиер лигата и да го добијам тоа искуство. Знаев дека на Алекс Фергусон му се допаѓа мојот стил. Можеби имаше момент кога сакаа да ме одведат таму, мојот агент ми кажа за тоа, но не знам дали е вистина или лага“, објасни Конте.

Поранешниот играч за врска помина голем дел од својата кариера во Јувентус, каде беше играч од 1991 до 2004 година, а потоа и тренер помеѓу 2011 и 2014 година.

Во Англија досега ги водеше екипите на Челси 2016 – 2018 и Тотенхем каде беше назначен на 2 ноември.

Слични содржини