Конте отпиша четворица играчи вредни речиси 100 милиони евра

од Nikola Popovski
233 прегледи

Менаџерот на Тотенхем ги отстрани од тренинзи Танги Ндомбеле (25), Џовани Ло Селсо (26), Серхио Регилон (25) и Хари Винкс (26). Фудбалерите вредни 92 милиони евра ќе треба да тренираат одвоено од остатокот од тимот.

Конте им порача на четворицата фудбалери дека за нив нема место на тренинзите бидејќи може да работи само со одреден број играчи. Четворицата се вишок и повеќе не сметаат на нив во Лондон, па може да бараат нови клубови до крајот на преодниот рок.

Ндомбеле потфрли во Тотенхем, кој го донесе пред 2019 година за клупски рекорд (60 милиони евра). Францускиот играч за врска одигра 91 натпревар, постигна 10 гола со девет асистенции и последната полусезона ја мина на позајмица во Лион.

Винкс и Регилон минатата сезона играа за Конте, но по доведувањето на Иван Перишиќ и Бисума, италијанскиот тренер повеќе смета на нив. Најголемо изненадување е отпишувањето на Ло Селсо, кој имаше одлични партии како позајмен во Виљареал. Конте смета дека има доволно опции на таа позиција и дека Аргентинецот е вишок.

Тотенхем е трет фаворит во обложувалниците за освојување на титулата шампион на Англија, зад бранителот на трофејот Манчестер Сити и вицешампионот Ливерпул, а пред Челзи и Арсенал.

Слични содржини