Ладен туш за Антонио Конте. Веројатно еден од најтешките и најсрамните порази во неговата тренерска кариера, бидејќи неговиот Тотенхем загуби од Мура во Словенија со 2:1.
Ако на Италијанецот не му беше јасно во каква работа се впушта, од синоќа е веќе сигурен свесен. Во тој стил беше и неговата прес-конференција по натпреварот.
„По три недели почнав да ја сфаќам ситуацијата. Не е едноставно. Во моментов нивото на кое е Тотенхем не е толку високо. Постои голема разлика помеѓу Тотенхем и водечките клубови во англиската Премиер лига“, беше првата оценка на Конте.
Италијанецот не криеше дека е целосно разочаран од мечот во Словенија.
„Тешки пораз, си го искомплициравме животот играјќи еден час со играч помалку. Нашето издание беше слабо, не чека многу работа во наредниот период. Ние сме во неволја и само напорна работа може да не спаси. Не беше во прашање само што техничкиот и тактичкиот настап, туку бевме и психички премногу слаби. Да бидам искрен: ќе биде потребно време за да се подобриме и да го доведеме Тотенхем на посакуваното натпреварувачко ниво“, прокоментира Конте.
Тој истакна дека во целата приказна не се работи за него и предизвикот кој го прифатил.
„Мојата гордост е целосно ирелевантна, ја прифатив оваа работа и предизвикот што таа го носи. Мојата цел е да го доведам Тотенхем на високо ниво, а за тоа ќе биде потребно време и трпение“, подвлече Конте.