Тренерот на Наполи, Антонио Конте потврди дека една од ѕвездите на тимот, Хвича Кварацхелија побарал да го напушти клубот и покрај бројните обиди да го убедат да остане. Конте го изрази своето разочарување за време на прес-конференцијата пред пресметката со Верона, објавувајќи дека врската меѓу грузискиот интернационалец и клубот е завршена.
„Не сакам да лажам. Одговарам затоа што никогаш не сум се плашел од незгодни прашања. Ако зборувам, тоа е затоа што ја кажувам вистината. „Не сакам да лажам. Зборуваме за важен играч. Летово кога разговаравме за ситуацијата со претседателот, особено по продажбата на Зелински и Осимен, побарав технички гаранции. Меѓу нив беше и Квара. Сепак, тој побара трансфер, а не само тој, многу играчи претпочитаа да заминат на други начини“.
Конте откри дека напорно работел шест месеци за да го убеди Кварацхелија да остане: „Лично чувствувам огромно разочарување. Работев со него, го ставив во центарот на проектот, подготвив нов договор, но по шест месеци сме назад на почеток. Тоа значи дека не бев во можност да бидам доволно убедлив за да ги спојам двете страни“.
Тренерот истакна дека не може да ги задржи играчите кои не сакаат да бидат во тимот: „Денес морам да направам чекор назад. Не можам да ги задржам оние кои не сакаат да останат во синџири. Се обидов летото, но не успеав.”
Конте потврди и дека Кварацхелија нема да биде достапен за претстојниот натпревар против Верона: „Јасно е дека губиме важен играч. Оваа ситуација мора да ја решат клубот, Кварацхелија и неговиот тим. Се повлекувам од мојата улога како посредник“.
Заминувањето на Кварацхелија ќе биде сериозен удар за тимот, особено што тој важеше за клучна фигура во проектот на Конте. Сега се поставува прашањето како Наполи ќе се справи со оваа загуба и дали клубот ќе успее да најде адекватна замена за грузискиот магионичар.