Конте пред дуелот со Барса: Од големо значење е за нас да продолжиме напред

од Vladimir Zorba
239 прегледи

Тренерот на Интер, Антонио Конте пристапува со почит кон Барселона пред натпреварот меѓу двете екипи во последното коло од групите во Лигата на шампионите.

Утре, „нероазурите“ ќе ги прифатат Шпанците и, доколку бидат успешни, ќе бидат сигурни во фазата на елиминации на штета на Борусија Дортмунд. „Лос Кулес“ не играат за ништо, бидејќи веќе се квалификувани. Сепак, Конте не смета дека ова го прави противникот послаб.

Покрај тоа, Интер треба да надоместува запоразот од 1-2 на „Камп Ноу“ претходно оваа есен.

„Поминаа два месеци од тој дуел, период во кој ние пораснавме како тим. Ќе покажеме почит кон Барселона, но исто така ќе се обидеме да ги ограничиме. Би биле будали ако мислевме дека нема да имаме проблеми, додека играчите на Барса ја поседуваат топката. Но, кога таа ќе се најде кај нас, ќе се обидеме да им отежниме“, изјави Конте.

„Од големо значење е за нас да продолжиме напред, бидејќи на нашите играчи им треба искуство на овој турнир. Кога беше извлечен ждребот, разговаравме за тоа колку е силна групата. И сега, во последното коло, да се има шанса да излеземе од неа, нè прави горди и ни го дава задоволството, што ни треба. Барса останува еден од 4-5-те екипи, што стартува во ЛШ со идејата да ја освои. Тимот веќе си го загарантира првото место во групата, што значи дека играчите можат да играат без притисок, што може да ни предизвика проблеми. Значи … ништо не се смени. Свесни сме дека мора да дадеме се од себе, но исто така знаеме дека тоа можеби не е доволно“,додаде Италијанецот.

Слични содржини