217
Менаџерот на Челзи, Антонио Конте верува дека треба да биде поупортен, кога бара нови играчи од раководството на клубот.
Италијанецот не успеа да ги убеди клупските шефови да одвојат повеќе средства за новодојдени и признава дека претрпел целосен неуспех во тој поглед.
„Мојата задача е да го развивам секој играч во секој поглед, покрај физички и психички, и многу сум добар во ова, но кога станува збор за моите вештини за да го убедам менаџментот да купи играчи, мора многу да се подобрам. Морам да научам од другите како да ги убедам шефовите да го отворат ќесето за нови играчи, бидејќи сум целосна катастрофа во овој поглед“, изјави Антонио Конте пред британските медиуми.