Конте се бори за титула со Наполи, но навести заминување: „Не можам да живеам од чуда!“

од Vladimir Zorba
30 прегледи

Антонио Конте јасно стави до знаење дека е подготвен да го напушти Наполи ова лето. Тој упати сериозно предупредување до раководството на клубот, наведувајќи дека може да си замине доколку не види соодветно планирање и вложување во иднина.

Експертот истакна дека не може да се потпира само на „чуда“ за да постигне успех.

Конте, кој го презеде Наполи пред почетокот на сезоната, изрази загриженост поради недостатокот на јасна стратегија и долгорочни планови. Тој инсистираше на тоа дека е неопходно да се инвестира во квалитетни играчи и да се создаде стабилна основа за иден успех, наместо да се потпира на случајни резултати.

„Среќен сум во Неапол, а и моето семејство, бидејќи има сонце, одлична храна, луѓето се гостопримливи, но тоа е мојот приватен живот и не можам само да застанам тука“, изјави Конте.

Тој додаде дека има за цел да не ги разочара навивачите.

„Носам одговорност со себе и не сакам да ги разочарувам навивачите. Чувствувам восхит и почит кон претседателот Де Лаурентис. Тие ме замолија да подадам рака за помош и тоа го давам, но навивачите на Наполи сакаат да победуваат и да ја имаат таа амбиција. Ако не победат, може да станат непријатни“, истакна Италијанецот.

Истакна дека му требаат засилувања, доколку од него се очекуваат резултати.

„Морам се да проценам, не сум глуп. Направив голем притисок врз себе, но ми треба и вистинско оружје за борба. Ќе седнам со претседателот да разговараме и потоа ќе видиме каква одлука ќе донесам. Ќе пристигне приходот од квалификациите за Лигата на шампионите, ни помогна продажбата на Кварацелија, но сега ќе разговараме со претседателот за поконкретни детали“, порача тој.

Запрашан дали верува во шансите на тимот да го предизвика Интер за титулата, Конте беше јасен: „Мора да продолжиме да веруваме и да имаме малку среќа. За жал, среќата е против нас од јануари“.

Слични содржини