Темпераментниот Антонио Конте се покаја за острите коментари по поразот на Тотенхем од Барнли (1-0) во средата вечерта, истакнувајќи дека требало да ги чува непримерните зборови за себе.
Тотенхем по подвигот против Манчестер Сити беше поразен од Барлни и се подалеку од местото кое води во Лигата на шампионите.
Конте „пламна“ по мечот, сопственикот Леви свика состанок, а Италијанецот се покаја.
„Не сум човек кој ќе се смее и ќе дојде на прес-конференција по пораз. Жал ми е ако покажам разочарување, но можеби е подобро да се задржат такви работи внатре“, изјави Конте.
Додаде дека Леви од ден на ден покажува почит кон него и дека поради посветеноста што ја чувствува често емотивно реагира кога не му оди.
„Разговарав со Леви. Тој знае дека секогаш сум тука за клубот и таков ќе бидам до крајот. Тоа е реалноста. Тој навистина се грижи за мене и мојот стручен штаб“, заклучи Конте во пресрет на неговата посета кај Лидс.