Конте се закани: Мојот Наполи ќе има гаден лик

од Vladimir Zorba
70 прегледи

Новиот тренер на Наполи, Антонио Конте ја одржа првата прес-конференција во Палацо Реале во Неапол. Тој ги најави своите амбиции со тимот кој беше шампион на Италија во 2023 година, но минатата сезона не успеа да се пласира на европските турнири.

„Ова е прв пат да бидам претставен на ваков начин. Неапол ми приреди многу топло добредојде. Сега немам друг избор освен да ја вратам довербата“, беа првите зборови на поранешниот тренер на Тотенхем, Јувентус и Интер, како како и селектор на Италија.

„Можам да ветам сериозност – збор кој во последно време е потценет. Сериозност да дадам се за Наполи и да ја пренесам мојата работна култура и моите идеи за фудбалот. Целта на еден тренер, освен победа, е да ги направи навивачите на тимот горди. Во фудбалот има и победа и пораз, но никогаш не треба да жалиш што го даваш максимумот. Никој никогаш ништо не ми подарил во животот. Се беше постигнато со многу труд, жртви и маки“, сподели Конте.

„Мораме да го обновиме тимот. Ќе ни треба време и трпение, но јас не сум човек кој има многу трпение. Не правам компромиси. Мојот Наполи ќе има гаден лик. Трансфер пазарот? Ќе го дадеме најдоброто за избегнување грешки. Јас ќе одлучам кој ќе остане, а кој ќе си замине“, вети Антонио Конте.

Тренерот сака по секоја цена да ги задржи во тимот ѕвездите Хвица Кварацелија и Џовани Ди Лоренцо.

Слични содржини