Конте се жали на сопствениците на Интер: Го подготвив проектот и сè застана

од Stefanija Kuzmanovska
274 прегледи

Тренерот на Интер, Антонио Конте се пожали на финансиската состојба во клубот по поразот од Јувентус во полуфиналето од Купот на Италија (1: 2).

Имено, Конте не донесе ниту еден играч во јануарскиот преоден рок, бидејќи сопствениците на клубот, кинеската групација Сунинг, се обидуваат да го продадат клубот.

Пред три години тие го купија Интер за 660.000.000 евра, а сега бараат 300.000.000 евра повеќе од таа бројка за продажба.

„Ова е чудна ситуација, нема смисла да го негираме тоа“, рече Конте и додаде:

„Не знам што да кажам … Имавме идеја во август, уште од тогаш го подготвивме проектот и потоа сето тоа запре“, се пожали италијанскиот тренер.

Семејството Жанг требаше да го продаде клубот на британската компанија „БЦ Партнерс“, но тие преговори пропаднаа и Конте остана без пари за засилувања.

Слични содржини