Менаџерот на Челзи, Антонио Конте, возврати и не ги прифати катастрофалните критики поради неговата стратегија во натпреварот со Манчестер Сити.
Аналитичарите Џејми Реднап и Гери Невил изјавија дека „Сините“ „направиле злосторство кон фудбалот“ и стоеле на теренот како „глупаци“ поради силно дефанзивната стратегија и недостатокот на офанзивни намери.
Конте не ги прифати зборовите на двајцата и рече дека не го разбираат фудбалот по разговор за такви работи.
„Аналитичарите треба да ги користат главите и да се уверат дека разбираат што велат, кога зборуваат за тактика. Мислам дека треба да ги имаат потребните знаења да коментираат за стратегијата, а не само да зборуваат глупости“, рече италијанецот.
„Знам дека мора да прифатам критика, но не сум толку глупав да играм против Манчестер Сити и да изгубам со 3 или 4 гола. Ако се сеќавам добро, Арсенал играше на два пати против нив и тогаш имаше многу критики кон Венгер, откако неговиот тим доби 3 гола за само 3 минути“, додаде тој.