Контра од Москва: Најдовме германски хлор во Сирија

од desk2
134 прегледи

 

Руското министерство за надворешни работи соопшти дека пронајдени се контејнери со хлор од германско потекло како и чадни бомби од британско потекло во источна Гута.

Тоа е поранешна бунтовничка енклава кај Дамаск каде од почетокот на април сириските власти беа обвинети дека користеле хемиско оружје на тоа подрачје.

„Сириските сили пронајдоа на ослободената територија на источна Гута контејнери со хлор од Германија како и чадни бомби произведени во Солзбери во Велика Британија“, изјави портпаролката на руското министерство Марија Захарова.

Солзбери е аблиски град во кој на 4 март на една клупа беа пронајдени онесвестени двојниот агенр од руско потекло Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, за кои се претпоставува дека се отруени со нервен гас новичок, од советско потекло. Велика Британија ја обвини Русија за тоа труење.

Руската војска вчера соопшти дека во Дума е најдена лабораторија како и магацин со хемикалии.

САД, Велика Британија и Франција минатата недела извршија напад на сириски воени фабрики по обвинувањето дека користелехемиско оружје во нападот на Дума на 7 април, каде загинаа повеќе од 40 лица.

Сириските и руските сили демантираат дека користеле хемиско оружје, додека стручњаците од меѓународната организација за забрана на хемиско оружје (OPCW) на лице место во Дума ја истражува можноста за употреба на такво оружје.