Контрамитинг – поддржувачите на Лукашенко излегуваат на улица

од Vladimir Zorba
231 прегледи

Провладината јавна организација „Бела Рус“ има намера да одржи „митинг на солидарноста“ во Минск за поддршка на сегашниот претседател, Александар Лукашенко, пишува „Спутник“.

„Митинг на солидарноста ќе се одржи денеска во 12 часот на плоштадот „Независност“ во Минск.
Во него ќе учествуваат сили кои ја поддржуваат државната политика“, се вели во соопштението на „Бела Рус“.

Како што се наведува, „сите оние што ја сакаат татковината, кои се против поделбата на земјата во два спротивставени табора“ ќе се соберат на митингот.

„Целата конструктивна Белорусија е со нас“, велат од организацијата.

Слични содржини