Гувернерот Трајко Слевски во објава на својот профил на „Х“ им појаснува на граѓаните дека регулацијата и контролата на финансиските друштва што издаваат т.н. „брзи кредити“ не е во надлежност на Народната банка (НБ), туку на Министерството за финансии.
-Често поставувано прашање (на погрешна адреса): регулацијата и контролата на финансиските друштва, познати кај граѓаните најмногу по одобрувањето т.н. „брзи кредити“, не се во надлежност на Народната банка, туку на Министерството за финансии, напиша Славески на својот профил на социјалната мрежа.
Често поставувано прашање (на погрешна адреса): регулацијата и контролата на финансиските друштва, познати кај граѓаните најмногу по одобрувањето т.н. “брзи кредити”, не се во надлежност на Народната банка, туку на Министерството за финансии pic.twitter.com/q8KBMeGhEV
— Trajko Slaveski (@TSlaveski) September 23, 2025