Контролор на ЈСП истепан на работното место

од Nikola Popovski
455 прегледи

Контролор на ЈСП бил истепан од две лица кај Транспортниот центар, известија од полицијата.

Според полицискиот билтен, пред два дена на 07.05.2023 во 16.57 часот во СВР Скопје, Е.Д.(46) од Скопје пријавил дека на Транспортен центар во Скопје, додека бил на своето работно место како контролор во ЈСП, бил физички нападнат од Н.Л.(55) и Б.Л.(23), двајцата од с.Студеничани, скопско.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Слични содржини