Мајк Пери, контроверзен ММА борец, објави вознемирувачко видео на кое се гледа како крвари од потколеницата, откако претходно со нога го скрши стаклото на вратата.
Видеото го објави на социјалните мрежи, по што љубителите на ММА спортот апелираа некој да му помогне, бидејќи е очигледно дека има проблеми.
„Не е важно што правам, никогаш нема да биде доволно. Затоа го направив ова. Среќен сум што ја пролеав сопствената крв“, рече Пери во видеото.
This man has lost it 💀 pic.twitter.com/fwVqEmvCUy
— Zachary Wooten (@thewoo205) January 4, 2021
Тој претходно имаше низа инциденти во кои тепаше луѓе.
Прво беше снимен како удира човек пред ресторан во Тексас во јули минатата година, а потоа беше пријавен за семејно насилство.
Тој бил пријавен кај властите од неговата поранешна сопруга Даниел Никерсон, но тој ги отфрлил сите обвинувања.
Пери во последно време имаше тешки порази во рингот, забележа само три победи на девет натпревари, а на еден од дуелите се здоби со застрашувачка повреда на носот.
Тој порано отворено зборуваше за проблемите во детството, кои го довеле до криминален живот.
Често ги менувал основните училишта, тешко се вклопувал и наидувал на насилство, поради што започнал да се тепа.
Подоцна стапил во контакт со наркотични средства, беше осуден на домашен притвор, условна казна, но и на казна затвор.
И сето тоа за само 29 години.