Администрацијата на Доналд Трамп одобри дополнителна продажба на бомби на Саудиска Арабија во вредност од 290 милиони долари.
Пораката до Конгресот објавена во вторникот открива дека Стејт департментот одобри продажба на 3.000 парчиња бомби со мал дијаметар GBU-39 (SDB I) направени од компанијата Боинг, објави „Индипендент“.
Овој потег е дел од продажбата на оружје во земјите од Блискиот исток, вклучувајќи пакет оружје за Обединетите Арапски Емирати во вредност од 23 милијарди долари.