Ендрју Тејт се огласи на Твитер по неговото апсење.
Контроверзниот интернет инфлуенсер и поранешен кикбоксер е приведен во Романија под сомнение за трговија со луѓе, силување и организиран криминал, соопшти обвинителството во Букурешт.
„Матрикс ги испрати своите агенти“, напиша Тејт на Твитер, алудирајќи на лажни обвиненија против него.
The Matrix sent their agents.
— Andrew Tate (@Cobratate) December 30, 2022
Британецот со американско потекло Тејт, кому му е забранет пристапот до бројни социјални мрежи поради мизогински коментари и говор на омраза, како и неговиот брат Тристан, ќе останат во притвор 24 часа, заедно со уште двајца осомничени Романци, соопшти обвинителството.
Браќата Тејт се под кривична истрага од април, а нивниот адвокат потврди дека се во притвор.
Обвинителите додадоа дека пронашле шест жени кои сведочеле дека осомничените сексуално ги злоставувале.