Контроверзниот закон за медиумите во Полска “ги исправи ноктите на ЕК”

од desk3
94 прегледи

Eврокомесарот Гинтер Јотингер и се закани на Полска со набљудување за кршење општите европски вредности заради усвојување на легислатива која и дава на државата контрола врз државните медиуми. Овој потег може да стави почетокот на серија од активности кои, ако законот остане во сила, би можеле евентуално да доведат до останувањето на Варшава без право на глас во Европскиот совет.

epa02646489 European Commissioner for Energy, German, Gunther Oettinger holds a news conference of an emergency European Union Energy council in Brussels, Belgium 21 March 2011. The ministers met to discuss the impact of Japan's nuclear crisis on Europe's Energy Policy EPA/OLIVIER HOSLET

Во интервју за весникот “Франкфуртер алгемајне цајтунг”, Јотингер, кој е комесар за дигиталната економија и дигиталното општество, предупреди: “За нас постојат доволно причини за да се активира механизмот за владеење на правото “и да ставиме под надзор Варшава “.

Неговите коментари дојдоа откако полската конзервативна влада во средата ја презеде контролата врз државните медиуми, откако во сила влегоа нови правни норми, кои му даваат на кабинетот право директно да ги назначува шефовите на државните медиуми и покрај загриженоста во ЕУ и осудата од страна на правобранителските институции.

Владата годинава ќе се задолжува 24 пати

Многу е веројатно на 13 јануари, на првата средба на ЕК за годината, прашањето да биде дискутирано. Токму ЕК може да започне постапка против “системска закана за владеењето на правото”. Ако таа биде доведена докрај, Полска може да го загуби својот глас во Европскиот совет. Досега немало случај во историјата на ЕУ такво нешто да стане факт.

Според новиот закон во Полска, вишите фигури во државните радија и телевизии во иднина ќе бидат назначувани – и отпуштани – од министерот за државните ресурси, а не преку конкурс од Националниот совет за радио и телевизија. Според новата правна норма сегашните шефови на државните медиуми и одборот на директори на полската радио и телевизија беа отпуштени.

Предлог-законот предизвика незадоволството на полските новинари, а беше усвоен од Сејмот и Сенатот (долниот и горниот дом на парламентот), но сеуште не е потпишан од претседателот Анджеиј Дуда. Полскиот информативен сајт Kresy истакнува дека откако Сенатот во земјата ја одобрил нормата, оставка поднеле директори на телевизија TVP1, TVP2, TVP-културата, како и Телевизиската информативна агенција.