По пауза од две години, еден од најистакантите македонски композитори, Дуке Бојаџиев, кој долги години живее и работи во Њујорк, повторно ќе настапи пред македонската публика со два последователни концерти во Скопје на 11 и 12 мај во Македонската филхармонија.

Целовечерниот концерт има наслов „Сон верба љубов“, а Бојаџиев ќе настапи со авторски материјал освежен со нови нумери од албумското издание Сон-Верба-Љубов, како и дел од неговото поново филмско творештво.