Со одење на концерти се подобрува менталната состојба за 75 проценти, се вели според истражувањето на британскиот професор Патрик Фаган. Свирките го прродолжуваат животниот век, како и чувството на блискот со останатите.
За споредба, јогата ја зголемува благосостојбата за 10 проценти и шетањето на кучиња за 7 проценти.

„Научното истражување директно ги поврзува високите нивоа на благосостојба со зголемување на животниот век за девет години, што укажува на директна врска помеѓу концертите и долговечноста”, се наведува во извештајот, каде дополнително се истакнува дека присуствувањето на концерт еднаш на две недели може да го продолжи животниот век за девет години.
На испитаниците им биле правени повеќе психометриски тестови и анализи на срцевата активност додека слушале музика во живо. Резултатите покажале дека чувствата на самопочит и блискост кон другите се зголемиле за 25 проценти, додека пак менталната состојба се подобрила за 75 проценти.
„Со оглед на нашите наоди, препорачуваме почесто одење на свирки во живо бидејќи вака може да си го продолжите животот за цела деценија.”, вели Патрик Фаган, предводник на истражувањето.