Конвојот на генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија Рафаел Гроси мораше да биде запрен неколку минути на враќање кон територијата контролирана од Киев поради пукање во областа, но делегацијата не беше во непосредна опасност, изјави портпаролот на агенцијата за „Ројтерс“.
„Конвојот беше запрен и јасно се слушаа пукотници неколку минути, но конвојот не беше во непосредна опасност. Меѓународната агенција за атомска енергија нема други информации за инцидентот“, рече портпаролот.
Официјален претставник на руската нуклеарна компанија Rosenergoat, Ренат Карча, изјави за ТАСС во четвртокот дека вооружените сили на Украина го прекршиле примирјето и отвориле оган кога мисијата на агенцијата се враќала на територијата контролирана од Киев.