Најстарата британска обложувалница „Вилијам Хил“ отвори обложување за резултатите од парламентарните избори што денеска се оддржуваат во Велика Британија и засега на конзервативците и натаму им се дава голема предност.
Според последната објава на сајтот на обложувалницата, за опцијата „конзервативците да освојат меѓу 350 и 399 места “ е понудената квотата 5:4, додека, според проценките на обложувачите, шансите лабуристите да добијат мнозинство на изборите се значително помали, па квотата се вреднува 10:1.
На прашањето дали Борис Џонсон ќе мине за пратеник во својата изборна единица, обложувачите му даваат повеќе шанси (квотата е 4:1) отколку минатиот пат кога имаше тенко мнозинство од 50,8 отсто од гласовите.
Ова е од посебно значење за досегашниот британски премиер, бидејќи уште од 1906 година ниту еден член од неговата партија не станал претседател на Владата, а претходно да не биде избран за пратеник во актуелниот состав на парламентот.
Британските обложувачи, кога станува збор за резултатите од одделните партии, најголема предност им даваат на конзервативците.
Имено, за опцијата според која Конзервативната партија самостојно да освои мнозинство места во Долниот дом понудена е квотата од 4:11, а за можноста да има просто мнозинство понудена е квотата 9:4.
Лабуристичката партија за евентуално освојување на апсолутно мнозинство е „почестена“ со квотата 16:1, додека најверојатно тоа да и се случи на Либерално-демократската партија квотата е 250:1 .