30
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека до македонскиот Конзулат во Солун е доставена информација дека на плажа во близина на Халкидики животот го загубил 19-годишен македонски државјанин.
Конзулатот е во редовна комуникација со семејството на починатото лице, со цел завршување на сите неопходни административни процедури за транспорт на телото во Македонија.
По укажана прва помош на плажата, момчето е пренесено во Здравствениот центар во Касандра, каде е констатирана смрт.
Крајбрежната управа на Неа Мудања, според грчките медиуми, спроведува прелиминарна истрага за смртта на момчето. Телото на починатиот е пренесено во Службата на судска медицина во Солун за да се изврши обдукција.