Конзумирање на лошо измиени овошје и зеленчук може да доведе до инфекција со трихоцефалоза

од desk3
101 прегледи
Што претставува болеста трихоцефалоза?
 Трихоцефалозата е геохелминтоза – инфестација која се развива во човекот. Тоа се вид паразити, група паразити, кои во пракса, за да се зарази човекот треба нивниот развој да помине низ почвата. Треба да има соодветни услови на развој, за да може човек да се зарази. Најчесто човекот се заразува со овој паразите преку  консумираат овошје и зеленчук кој не е добро измиен и на кој има   јајца на овој паразит.
Затоа овој паразит – трихоцефалозата, е најчесто распространет во планински и полупланински региони.
Паразити се  со должина од околу 3 до 5 сантиметри. Се  вика уште космоглав бидејќи предниот крај на паразитот е тенок како влакно, потоа се задебелява. Паразитира обично во долниот крај на тенкото црево и почетокот на дебелото црево, како таму може да опстане 2 до 5 години.
 Минува низ различни фази на развој – од јајце, ларва до полово зрел паразит, почнува да лачи јајца. За 24 часа во фекална маса паразитот може да оддели меѓу 3 500 и 10 000 јајца. Ако човекс не ја почитува личната хигиена, тој може да зарази почва или надворешна средина и на тој начин да се формира едно локална појава.
За јајцата кои спаѓаат во надворешна средина, е карактеристично дека тие остануваат остварлива во соодветни услови до 5 години. Потребна е температура меѓу 28 и 30 степени, кислород и влага. Овие јајца не се заразоспособни, но минува низ почвата, во влагата и кислородот, стануваат инвазио-способни и кога човек ги проголта, може да се зарази. Ако човек има оваа инфестации, тој не е опасен директно за останатите во семејството или за пријатели и роднини.Тој станува опасен тогаш кога дефикира на откриени места и таму се одгледуваат овошје и зеленчук.
Своевремено имало оплодувањасо фекални маси и оваа почва станува опасна и за околните луѓе.