Домаќинствата во Македонија треба да се подготват. Цената на електричната енергија е неминовно да се покачи, изјави денеска првиот човек на Европската енергетска заедница Јанез Копач.
Според него, во ваква енергетска криза најлесно преживуваат оние кои имаат домашно производство на струја бидејќи можат тоа да го амортизираат.
-Македонија за жал нема сопствено производство, нема ни јаглен и многу зависи од увозот и тоа се рефлектира на цената, сакале тоа или не. Домаќинствата се пазарна, а не социјална категорија. Таквото мислење остана само уште во земјите од регионот, рече Копач.
Тој додава дека „требаше да се инвестира во задните 10 години, а не се инвестираше, по што сега многу работи само се планираат“.
Копач имаше средба со претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски.