214
Тие што екстремно трошат електрична енергија за копање биткоини, ќе плаќаат екстремно висока цена. Но, ќе треба да бидат регистрирани сите оние кои го прават тоа и да плаќаат даноци. Факт е дека сега трошат евтина цена за домаќинствата, но со новиот тарифник кој треба да се донесе некаде во јуни работите ќе се сменат. Ќе има јавна расправа во која ќе учествуваат сите заинтересирани страни, рече претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски во Утрински Брифинг.
Бислимоски, испрати и порака до граѓаните за поголемо штедење на струјата и најави измени во начинот на кој домаќинствата можат да трошат електричната енергија за тоа да го прават рационално.