Македонија, нашата чудесна земја. Евровизиските настапи на Македонија секогаш се скандализирале, па како биле избрани, па како се едни исти кои шуруваат со власта и т.н. Дури и кога сите се согласуваат дека годинашниот претставник е ок , нема забелешки, повторно нова несекојдневност.
Не е темата дека за прв пат во трката по најдобар евровизиски пласман, ќе одиме со младата Јана Бурческа и песната „Dance Alone“ , која е од странски автори … напротив. Овој куриозитет е малку поинаков.
Излезе нова кавер верзија преработла на оригиналот, пред уште да биде изведен самиот оригинал на Евросонг.
Промото беше вчера од Наташа Малинкова која на Јутјуб ја постави својата верзија на нашата годинешна евровизиска песна. Изведена во анплагд варијанта, само со акустична гитара и глас, во една сосема поинаква верзија.
Нам ни се допаѓа и преработката и оригиналот. Штета што не може да се оди со две песни. Слушнете и уверете се.
Одлична Наташа Малинкова навистина светски, Силен полн музички глас! А еве го и оригиналот на Јана Бурческа:
Тоа е кога има, има !