Копмајнерс конечно во Јувентус

од Vladimir Zorba
16 прегледи

На двата стартни натпревари во Серија А, Јувентус покажа дека создава сериозен тим со тренерот Тиаго Мота, но од денеска се посилни за Теун Копмејнерс. Аталанта прифати отштета од 52 милиони евра за незадоволниот Холанѓанец кој го поттикна трансферот со тоа што одби да тренира и да игра.

„Старата дама“ преку евентуални бонуси се обврза на нови седум милиони евра, а Копмејнерс во текот на денот ќе ги помине лекарските прегледи и ќе потпише петгодишен договор. Во последните три дена Јувентус ги доведе Нико Гонзалес од Фиорентина, Франциско Консеисао од Порто и сега Копмејнерс.

Клубот од Бергамо веќе го надомести неговото заминување со купувањето на Лазар Самарџиќ, но и добро ќе заработи со оглед на тоа што го доведоа од АЗ Алкмар за 14 милиони евра во претпоследниот ден од преодниот рок во 2021 година.

Холандскиот офанзивен играч за врска постигна 29 гола со 15 асистенции на 129 натпревари за Аталанта и беше важен фактор за освојување на Лигата на Европа на УЕФА минатата сезона.

Слични содржини