Коридор 8 ќе биде главна артерија која ја поставува С.Македонија како крстопат помеѓу соседите

од Берта Китинска

Коридор 8 е главната артерија која ја поставува Северна Македонија како крстопат помеѓу соседите, а ги поврзува и Црното со Јадранското Море, објави премиерот Зоран Заев вечерва на неговиот фејсбук профил.

– Ние градиме, го модернизираме Коридор 8 како една од најважните македонски капитални инвестиции.Коридор 8 е главната артерија која ја поставува Северна Македонија како крстопат помеѓу соседите, а ги поврзува и Црното со Јадранското Море.Работите на патната инфраструктура на Коридорот 8 се одвива на целиот исток на земјата, а само во северо-источниот регион се реализира инвестиција од над 80 милиони евра со интензивирана изградба на патната мрежа како никогаш досега., пишува Заев.

Слични содржини