Интер западна во големи финансиски проблеми откако кинескиот „Сунинг“, компанија која е сопственик на клубот и забележувајќи огромни загуби во пандемијата на коронавирус, падна во криза.
Во Интер, платите беа одложени на неколку месеци кон крајот на минатата година, иако на крајот беа исплатени, а „Сунинг“ пред четири дена објави дека неговиот кинески клуб и првак на земјата, Џиангсу Сунинг ФК се исклучува и повеќе нема да се натпреварува.
Интер потроши скоро 100 милиони евра на нови играчи во летниот преоден рок, но брзо се покажа дека ова не е најпаметниот потег. Според „Кориере дело Спорт“, водечкиот клуб од Серија А доцни да му плати на Манчестер Јунајтед 4,5 милиони евра на име на еден од бонусите во договорот за трансфер со Ромелу Лукаку и Англичаните сега можат сериозно да ја оштетат ситуацијата во Интер поради неверојатна клаузула.
Имено, Јунајтед има право да побара исплата на целата преостаната сума доколку Интер доцни со каква било рата за трансфер или исплата на бонус. Интер му должи на Манчестер нови 45 милиони евра од 80, колку што беше износот на трансферот во 2019 година, а Италијанците ги немаат тие пари сега.
„Кориере дело Спорт“ тврди дека Манчестер Јунајтед е подготвен да земе еден од играчите како обештетување, а го бараше или Милан Шкриниар или Лаутар Мартинез.
CdS пишува дека Интер нема премногу избор ако не „измисли“ итно 45 милиони евра, што е невозможно од сегашна перспектива. Аргентинецот, кој има отштетна клаузула од 111 милиони евра, не доаѓа во предвид, но не е невозможно Интер навистина да му даде еден од своите главни играчи на Јунајтед.