Елон Маск го заклучи преземањето на „Твитер“ во вредност од 44 милијарди долари и моментално прави „чистка“ во неговите редови, па неговиот прв потег беше да ги отпушти извршниот директор на Твитер Параг Агравал, главниот финансиски директор Нед Сегал и главниот правен директор Виџеј Гејд.
Планот на Маск, како што рече, е да го промени наративот што се шири низ оваа социјална мрежа, па гледа можност омразата и недостигот од дијалог на Твитер да се пренасочи кон „поздрав начин на комуникација, без приклонување кон насилство“.
Мајката на Елон Маск, Маја Маск, го поздрави тоа и на Твитер истакна колку е горда на својот син.
„Горда мајка“, напиша Маја Маск и го ретвитна планот на Елон за реформирање на „Твитер“.
Wonderful message 🥰🤗 #ProudMom https://t.co/GhREVgIHNC
— Maye Musk (@mayemusk) October 27, 2022
Сепак, многу корисници не се согласуваат со мајката на новиот сопственик на „Твитер“ и се прашуваат дали ги одбројуваат последните денови на мрежата.
„Сè уште сум тука. Засега“, „Си заминувам, не можам да го поддржам овој лик“, „На која платформа да одиме сега?“, се само дел од коментарите.