Корисно пред празниците: Како да го заштитите домот од кражби

314 прегледи

Еден поранешен крадец, со долгогодишно искуство со текот на времето се решил да најде друга работа, па одлучил да сподели неколку совети со луѓето за тоа како да го заштитат својот имот од кражби.

Пред се, пред да одите на пат, не објавувајте на социјалните мрежи, бидејќи тоа е отворен повик за крадците да се „посетат“ додека станот ви е празен.

Исто така, пред да излезете од домот, водете сметка за тоа вредните работи да не останат на видно место – како на пример на масата или ноќното ормарче. Но, нема да ги излажете искусните крадци криејќи ги во фиоката со долна облека, под креветот, под ормарот, во кујната зад печката или во неа, бидејќи тоа се места каде тие сигурно ќе пребараат.

Тоа подеднакво важи и за сите ладилници и ормари близу влезот во просторијата, бидејќи нив прво ги отвараат откако ќе влезат во домот.

Доколку купувате нов ТВ, компјутер или некоја скапа електроника, не оставајте ги кутиите  пред вратата, или на било кое друго видливо место, бидејќи тоа е повик за крадците да почнат да ве следат.

Овие совети поранешниот крадец ги објавил на Редит, а еден од коментаторите рекол дека добар пристап е да го сокриете вредниот накит и ситниците, а да го изложите она што нема некоја голема вредност. Крадците се во брзање, па доколку е нешто само така  оставено тие ќе го соберат, претпоставувајќи дека немате повеќе.

Што повеќе помалку вредни рабпти оставите „на виделина“, толку посигурни ви се скапоценостите, бидејќи секој лопов ќе протрча низ куќата и ќе собере онолку колку што му собира раката. Па доколку се „наполнат“ во првата обиколка на станот, нема премногу да пребаруваат.

Слични содржини