Актуелно
Почетна / Магазин / Користите хајлајтер? Ова е сè што треба да знаете за него

Користите хајлајтер? Ова е сè што треба да знаете за него

Хајлајтерот е популарен бјути производ во последните неколку години, кој е и чекор кој многу жени не го заобиколуваат кога се шминкаат.

Која е неговата моќ и зошто е толку популарен? Како се нанесува и какви видови хајлајтер постојат?

Дознајте во продолжение на текстот:

За што служи?

Намената на хајлајтерот е да додаде свежина на лицето и да ги нагласи контурите и да го насочи фокусот кон оние делови кои сакате да ги истакнете.

Каде се нанесува?

Правилно нанесениот хајлајтер има блескав и подобрувачки ефект, а сосема спротивното може да го постигнете само ако промашите еден милиметар.

– Ако сакате да ги нагласите усните, ставете сосема малку хајлајтер на горната линија и на долната усна на самата средина. Не претерувајте со количината, доволно е само еднаш да поминете со четката по работ на усните.

– За истакнување на очите, нанесете го токму под кривината на веѓата, со тенка четка или со малиот прст, сосема малку, само допрете и размачкајте убаво.

– Првична намена на хајлајтерот е истакнување на образите. Се нанесува на предниот дел на коската на јаболчниците, кон слепоочниците. Исто така, не треба да претерувате со нанесената количина.

– Популарно е да се нанесува и на носот, брадата и челото, но ова не треба да го правите ако имате масна кожа.

Какви хајлајтери постојат?

Има течни, во прав, камени или во стик. За преку ден одберете камен или стик, бидејќи се помалку концентрирани и подискретни. За посебни прилики, изберете течен или во прав, бидејќи имаат повеќе рефлектирачки честички.

За нанесување користете широка плосната четка за јаболчниците, како и за околу усните. Се работи за четка со меки влакна наменета за нанесување хајлајтер.

Повеќе за четките за шминкање дознајте на линкот подолу:

Сè што треба да знаете за четкичките за шминкање

loading...