КОРОНА-КЕШ: Американскиот Конгрес усвои план за помош во вредност од 1.900 милијарди долари!

од Nikola Popovski

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес вечерва го усвои нацрт-законот за нова помош на загрозените од пандемијата во вредност од 1,9 милијарди долари, што претходно беше усвоен во Сенатот.

Предлог-законот беше поддржан од 220 члена на претставничкото тело контролирано од демократите, додека 211 беа против, објави Гласот на Америка.

Исходот од гласањето во Претставничкиот дом на Конгресот му овозможи на претседателот на САД, Џо Бајден, кој предложи нова економска помош, да го потпише законот подоцна оваа недела.

Претходно, Сенатот, кој е во контрола на демократите, ја усвои својата верзија на нацрт-законот по маратонската седница во саботата.

Горниот дом на Конгресот изостави или измени некои одредби од првичниот предлог усвоен во Претставничкиот дом, вклучително и зголемување на минималната плата на федерално ниво, на 15 американски долари на час.

Слични содржини