Корона од непознато потекло го затвора најголемиот град во Нов Зеланд

од Nikola Popovski
228 прегледи

Премиерката на Нов Зеланд, Јасинда Ардерн, објави дека најголемиот град во земјата, Оукланд, ќе биде затворен една недела поради појавата на коронавирус од непознато потекло.

Окланд ќе биде во локдаун од недела, откако во градот беше регистриран случај на коронавирус од непознато потекло.

Во остатокот од Нов Зеланд ќе биде на сила вториот степен на ограничувања, што, меѓу другото, значи и забрана за собирање, рече Ардерн.

Во средината на февруари, скоро два милиони Оукландѓани беа ставени во ненадејна тридневна блокада откако беше регистриран позаразениот, британскиот вид на Ковид-19 во едно тричлено семејство.

Слични содржини